Киев ќе одбие да преговара со Москва во случај на уништување на украинската војска во Мариупол, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Мариупол е, можеби, како десет Бородјанки и сакам да кажам дека уништувањето на нашата војска, на нашите момци, ќе стави крај на сите преговори“, го цитираат украинските медиуми.
Руската опсада на градот на брегот на Азовско Море почна на 7 март и досега тој е исчистен од украински војници, тврди Москва, според која останува уште да се заземе железарницата „Азовстал“, со километарски подземни ходници на длабочина и до 30 метри.
Последните информации од Мариупол, од руски извори, се дека трупите на Русија и на т.н. Народна Република Доњецк спречиле обид на колона на украинска војска да направи пробив до „Азовстал“.






