Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да и ја обезбеди потребната помош на Турција по земјотресот што ја погоди земјата.
Рано утрово јужна Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа стотици луѓе, а многу други беа повредени.
„Шокиран сум од веста за смртта и стотиците повредени по земјотресот во Турција. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.
Во овој момент застануваме со луѓето во Турција на пријателски начин и сме подготвени да ја пружме потребната помош“, напиша Зеленски на Твитер.






