Украинскиот претседател уште еднаш побара неговата земја наскоро да биде примена во НАТО, нагласувајќи дека пристапот на Украина ќе го направи НАТО уште посилен.
Володимир Зеленски вчера разговараше со полскиот претседател Анджеј Дуда за јулскиот самит на НАТО во Вилнус.
„Ова е моментот кога треба целосно да ги уништиме руските идеи дека некој во НАТО сè уште се плаши од нив“, рече Зеленски во своето видео обраќање ноќе.
„Таквите претпоставки ги поттикнуваат агресивните амбиции на Русија. Мораме и можеме да ги неутрализираме“, додаде тој.






