Зеленски со указ забрани преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со кој официјално ги прогласи за „невозмоможни“ какви било преговори меѓу Украина и рускиот претседател Владимир Путин, пишува Ројтерс.



Сепак, вратата е оставена отворена за разговори со Русија.

„Путин не знае што е достоинство и чесност. Затоа сме подготвени за дијалог со Русија, но под друг претседател“, нагласи Зеленски минатата недела.