Одговарајќи на прашања на новинарите по неговото обраќање во Г7, украинскиот преетседател Володимир Зеленски, изјави дека Русија сепак не го окупирала Бахмут, откако претходно кажа дека градот е уништен и дека сега „останува само во нашите срца“ откако наводно бил оссвоен од силите на „Вагнер“.
„Не можам да ги споделам со вас тактичките информации на нашата армија, нашите воини, но можам да кажам дека Русија не може да не’ окупира или да победи во оваа војна“, одговори тој на прашањето за Бахмут.
„Нашите луѓе сега се на многу важна мисија во Бахмут. Нема да кажам каде точно, но Бахмут денес не е окупиран од руската армија“, додаде тој.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар изјави дека киевските трупи „делумно го опколиле“ Бахмут.
Таа додава дека Украина сè уште контролира дел од градот.






