Зеленски слета во Софија

Украинскиот претседате Володимир Зеленски пристигна во Бугарија.



На Твитер тој соопшти:

„Ќе имам суштински разговори со премиерот Николај Денков, ќе се сретнам со претседателот Румен Радев, владини претставници, пратеници, политичари, новинари“, напиша тој на социјалната мрежа.

На средбите ќе се разговара за одбранбената поддршка, евроатлантските интеграции на Украина, самитот на НАТО, безбедносните гаранции и имплементацијата на мировната формула, пренесоа медиуми.