Украинскиот претседател Володимир Зеленски не го отфрли предлогот да го посети германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. Ова го изјави советникот на претседателот на кабинетот на Зеленски – Сергеј Лешченко, пренесува Ројтерс.



Штејнмајер не е добредојден во Украина

Од таму велат дека предлог германскиот претседател да го посети Киев не стигнал до кабинетот на Зеленски.

За фрустрациите на Зеленски и „грешките“ на Штајмајер

Штајнмаер имаше намера да го посети Киев со претставници на други земји од Европската унија за да се сретне со Зеленски.

Сепак, украинскиот претседател рече дека Штајнмаер „не е добредојден“ поради неговите „блиски врски со Русија“.

Германскиот весник „Билд“ објави дека Зеленски ги отфрлил плановите на Штајнмаер за посета поради неговите блиски односи со Русија во последните години и неговата поддршка за гасоводот „Северен тек-2“, дизајниран да го удвои протокот на руски гас во Германија.

Во меѓувреме, претседателите на Полска, Литванија, Летонија и Естонија отпатуваа во Киев на средба со Зеленски.