Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги покани германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да гo посетат Киев, соопшти кабинетот на германскиот претседател.
Поканата доаѓа три недели откако Зеленски одби да го прими германскиот претседател што предизвика незадоволств во Берлин.
Зеленски ја упати поканата за време на телефонскиот разговор со Штајнмаер денеска изјави за АФП извор од кабинетот на претседателот, при што било нагласено дека „биле расчистени иритациите од минатото“, а Штајнмаер ја изразил својата „солидарност, почит и поддршка“ за Украина.
Шолц уште му е лут на Зеленски
Дипломатска тензија настана окако Штајмајер зразил подготвеност да ја посети Украина, но одговорот бил дека „не бил посакуван во Киев“ поради „блиските врски на германскиот претседател со Русија“, поради што подоцна и канцеларот Олаф Шолц одби да ја посети и Украина.
Штајнмаер и канцеларот Шолц се двајцата социјалдемократи (СПД), кои во текот на годините се залагаа за поблиски врски со Русија, вклучително и енергетските врски кои ја оставија Германија во голема мера зависна од рускиот гас.







