Откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу 12 дена не се појави во јавноста среде војната во Украина, многумина почнаа да се прашуваат што се случува со блискиот соработник на Путин, а се појавија и шпекулации за неговата лоша здравствена состојба.
Неговата последна изјава во јавноста датира од 15 март, кога рече „дека руската воена операција во Украина не помина толку брзо како што сакаше Кремљ.
По медиумските провокации, Шојгу сепак се појави во четвртокот на итно закажаната видео седница на Советот за национална безбедност на Русија.
Пред да реагираат од Кремљ, постоеја тврдења дека Шојгу бил „под истрага од руската разузнавачка служба“, наведува terroralarm.org, сајт управуван од група независни активисти и новинари од неколку земји кои покриваат воени вести и тероризам.
„Шојгу е под истрага за можна соработка со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)“, пишува во објавата на terroralarm.org.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во новото видео на својот канал Телеграм меѓу другоро рече: „Велат дека министерот за одбрана на Русија исчезнал некаде… Се прашувам дали тој лично сакал да ја посети Чернобаевка?“, праша Зеленски.
Инаку, се поставуваат прашања каде се Виктор Золотов, шефот на руската национална гарда и еден од најблиските советници на Путин, како и Валериј Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб!?







