Зеленски сакал да разнесе руски нафтовод што ја снабдува Унгарија…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложил „напади во Русија“ и инвазија на „руските погранични градови“ во очајнички обид да се победи Владимир Путин, според „протечени“ документи во кои имал увид „Вашингтон пост“.



Тајните американски документи наводно откриваат дека претседателот Зеленски сакал да нападне „неодредени локални жители во Ростов“, руски град во близина на украинската граница.

Зеленски, исто така, посочил дека украинските сили би можеле да го „разнесат“ рускиот нафтовод „Дружба“ кој обезбедува нафта за членката на НАТО Унгарија – потег што потенцијално би ја уништил индустријата во земјата.

„Вашингтон Пост“ пишува дека тој туркал големи воени ризици во неколку приватни разговори, пренесува британски Express.

Во еден строго таен документ од состанокот кон крајот на јануари, се вели дека Зеленски вршел притисок за напади врз Русија и инвазија на пограничните градови за „да му даде моќ на Киев во разговорите со Москва“.