Зеленски: Русија не дава Украина да извезе 22 милиони тони жито

Руската блокада на украинските поморски пристаништа го спречи Киев да извезе 22 милиони тони жито, изјави претседателот на Украина Владимир Зеленски, пренесе Асошиетед прес.



Зеленски рече дека резултатот е закана од глад во земјите зависни од жито и може да создаде нова миграциска криза. Тој тврди дека „ова е нешто што очигледно го бара руското раководство“.

Шефот на украинската држава ја обвинува Москва дека намерно го создава овој проблем за Украина да не заработува милијарди долари од извозот на жито.