Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави распуштањето на судот во Киев како доказ дека Украина може да се бори против корупцијата и руската инвазија во исто време, пишува Ројтерс.
На таа приказна и се ближи крајот, рече тој, објавувајќи дека потпишал закон за затворање на Окружниот управен суд во Киев, кој украинските антикорупциски власти го споредија со криминална организација и чиј претседател беше санкциониран од САД на 9 декември.
„Но, историјата на реформите продолжува – продолжува, дури и за време на таква војна“, истакна Зеленски за време на неговото традиционално вечерно видео обраќање.
Тој го потпиша законот истиот ден кога беше усвоен од украинскиот парламент, во знак на опсежни судски и други реформи што и се потребни на Украина за да се приклучи на Европската унија.






