Зеленски преживеал три обиди за атентат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преживеа најмалку три обиди за атентат од почетокот на руската инвазија на земјата, пренесува лондонски Тајмс.



Заговор за атентат бил спречен откако Русите кои не ја поддржаа војната ги предупредија украинските власти за две одделни групи платеници кои се подготвуваат за нападите.

Зад два обиди стои воената група Вагнер поддржана од Кремљ. Доколку атентатите беа успешни, Москва можеше да негира директна вмешаност во заговорот за атентат вели украинскиот секретар за национална безбедност и одбрана за локалната телевизија..

„Тие би отишле таму во мисија од многу висок профил – нешто што Русите би сакале да можат да го негираат – смената на шефот на државата е огромна мисија“, изјави дипломатски извор за весникот. „Во однос на влијанието врз руската суверена политика, ова би била можеби нивната најважна мисија досега. Ова ќе има огромно влијание врз војната“, додаде тој.

Повеќе од 400 членови на групата Вагнер се уште се во Киев откако се инфилтрирале во Украина со список на атентати на 24 функционери чија смрт би предизвикала хаос во украинската влада, изјавија извори за Тајмс.

Кремљ сè уште го смета Зеленски за легитимен претседател на Украина Зеленски (44), исто така, во саботата избегна обид за атентат во предградието на Киев, кога група чеченски платеници беа отстранети пред да стигнат до украинскиот лидер.

На почетокот на конфликтот минатата недела, САД понудија да го евакуираат Зеленски од Киев, но тој одби.