Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе ги продолжи разговорите со Русија, објави Асошиејтед прес.
Шефот на државата додаде дека сака лично да се сретне со Владимир Путин.
Зеленски постојано повикува на средба со рускиот претседател. Сепак, Кремљ не одговора на неговите повици.
Во обраќањето до нацијата, Зеленски рече дека неговата делегација има јасна цел – да обезбеди средба меѓу него и Владимир Путин.
Украинскиот претседател изјави дека разговорите меѓу Украина и Русија се одржуваат секојдневно преку видео врска.
Главни теми на разговор беа прекинот на огнот и обезбедувањето хуманитарни коридори. Зеленски додаде дека хуманитарните коридори спасиле животи на повеќе од 130.000 луѓе за шест дена.







