Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Киев би се согласил на преговори со Москва, но отфрли можност тие да се одржат во Белорусија.
Претходно денеска од кабинетот на Путин соопштија дека руска делегација веќе пристигнала во белорускиот град Гомел за преговори.
Руска делегација спремна за преговори со Русите -во Белорусија
„Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку – тие градови ѝ ги предложивме на Русија за преговори и било кој друг град од каде не летаат ракети кон Украина“, изјави претседателот на Украина.
Во меѓувреме, агенции јавуваат дека денеска, четврт ден од руската агресија врз Украина, „паднал“ градот Харков…







