Зеленски повика на глобални демонстрации против војната

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика луѓето ширум светот денеска да излезат на протести против руската војна во Украина -еден месе од почетокот на инвазијата.



„Руската војна не е само војна против Украина“, апелираше Зеленски, кој за првпат се обрати на англиски јазик.

„Русија започна војна против слободата. Но, ова е само почеток за Русија. Се обидува да ја пороби слободата на сите луѓе во Европа. На сите луѓе ширум светот. Таа се обиде да покаже дека е важна само бруталната сила. Светот мора да ја запре Русија. Светот мора да ја запре војната.

Помина еден месец…“

Зеленски повика на глобални демонстрации против војната, и им порачане демонстрантите да носат украински симболи. „Излезете на плоштадите, на улиците. Станете видливи и слушнати“, додаде Зеленски.