Украинскиот претседател Владимир Зеленски за својата земја побара барем еден процент од авионите и од тенковите „кои собираат прашина“ во земјите на НАТО, обвинувајќи ги партнерите дека се неодлучни околу обезбедувањето оружје на Киев.
Безбедноста на Украина, порача тој, е еквивалентна на безбедноста на цела Европа.
„Тоа е она што го имаат нашите партнери, кое кај нив едноставно фаќа прашина. Само еден процент од сите авиони на НАТО и еден процент од сите тенкови на НАТО, еден процент – не бараме повеќе“, рече Зеленски во видео порака на својот канал на Телеграм.
Според него, потребата да се обезбеди оружје за Киев е став не само на Украина, туку и на „апсолутното мнозинство од населението во Европа“.





