Украинско куче дресирано да пронаоѓа мини доби медал за неговите заслуги за земјата по инвазијата на Русија.
На Патрон, куче од расата Џек Расел териер, наградата му беше врачена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на церемонија во Киев, објави Би-Би-Си.

На двеиполгодишниот пес му се припишува заслуга за помагање при пронаоѓањето на повеќе од 200 мини.
Патрон, исто така, стана нешто како национален херој, симбол на отпорот на Украина против Русија.






