Украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да го прими својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер, објави германскиот весник „Билд“.
Штајнмаер сакаше да отпатува во Киев „за да испрати силен сигнал за европска солидарност со Украина“, како што рече тој во вторникот попладне.
„Бев подготвен за тоа. Но, очигледно, морам да признаам, тоа не се бараше во Киев“,изјави германскиот претседател.
Билд претходно објави дека федералниот претседател планирал посета на земјата во војна – и дека таа била одбиена во Киев.
„Но, украинскиот претседател Володимир Зеленскиј (44) застана на патот! Тој во моментов не сака да се сретне со Штајнмаер во Киев. На другите политичари од ЕУ им е дозволено да дојдат“, пишува Билд.
Украинскиот претседател смета дека Штајнмаер „не е добредојден“ поради неговите „блиски врски со Русија“.
Минатата недела Штајнмаер ги повика рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров да бидат судени за наводни воени злосторства во Украина.






