Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека поканата на Киев за НАТО зависи од американскиот претседател Џо Бајден и повика таква одлука да се донесе веднаш.
„Овој сигнал е навистина многу важен. Тоа зависи од одлуките на Бајден“, рече украинскиот претседател во интервју за Си-Ен-Ен.
Одговарајќи на прашањето за поканата, Зеленски рече дека е многу важно Украина да добие „сега“,. пренесо медиуми.
„Повикот сега би била огромен поттик за украинските војници“, рече тој.
Сепак, Зеленски изјави за Си-Ен-Ен дека знаел дека Украина „никогаш нема да биде во НАТО пред да заврши војната“, но сепак смета дека поддршката на САД за членството на Украина во НАТО е важен сигнал.
Toj ги повика сојузниците во НАТО да ја поддржат обидот на Украина да се приклучи на безбедносната алијанса, иако тој признава дека членството на Украина е малку веројатно до крајот на војната.
Зеленски уште додаде дека „нема смисла“ да присуствува на претстојниот самит на НАТО доколку на Украина не и биде даден силен сигнал за поддршка.






