Украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува оваа недела да биде историска за Украина, изјави во вечерното обраќање до Украинците, цитиран од Укринформ.
„Утре започнува навистина историска недела. Недела кога ќе го слушнеме одговорот од Европската унија (ЕУ) за кандидатскиот статус за Украина. Веќе имаме позитивна одлука од Европската комисија (ЕК) и на крајот на новата недела ќе има одговор од Европскиот совет.
Мислам дека на сите им е очигледно дека имало малку такви судбоносни одлуки за Украина од 1991 година како што очекуваме сега. Убеден сум дека само позитивна одлука е во интерес на цела Европа“ рече Зеленски.
Тој предупреди на поголема непријателска активност од Русија. Намерно и демонстративно, токму оваа недела. Не само против Украина, туку и против другите европски земји. Ние се подготвуваме. Ние сме подготвени. Ги предупредуваме партнерите, рече тој.






