Зеленски обвини дека Москва има план за негово соборување

„Русија се обидува да сее раскол во украинското општество, да создаде хаос во земјата и на крајот да го собори претседателот на Украина“, изјави Володимир Зеленски, цитиран од Блумберг.



За ова, Москва разви нов план за дезинформации под кодното име „Мајдан-3“, вели Зеленски.

Плоштадот „Мајдан“ во Киев беше центар на бунтовите во 2004 и 2014 година.
Вториот одигра улога во соборувањето на претседателот Виктор Јанукович поддржан од Русија.

„Нашето разузнавање има слични информации, што го потврдија и нашите партнери… Мајдан за нив е државен удар, така што операцијата е јасна“, додаде Зеленски, без да даде повеќе детали.

Првиот претседателски мандат на Зеленски завршува во пролетта 2024. Претседателските избори треба да има во март, но според Уставот тие не можат да се одржат под воена состојба.

Значи, формално, Зеленски може да остане претседател до крајот на војната со Русија.

Зеленски, исто така, истакна дека без поддршка од Западот, украинската армија ќе биде принудена да се повлече на фронтот.

„Сега сум фокусиран на добивање помош од Западот. Нивниот фокус се менува поради Блискиот Исток и други причини. Без поддршка, ќе мораме да се повлечеме“, рече тој за Блумберг.