Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека среда, 16 февруари, ќе биде „Ден на единството“, и според него, токму на овој ден може да започне руската инвазија на Украина, објави Ројтерс.
Најавата, Зеленски ја објави на Фејсбук. Тој напиша дека веќе е потпишан указот за прогласување на Денот на единството, што беше протолкувано како можен ден за руски напад.
Украинските власти објаснуваат дека Зеленски не зборувал буквално за напад во средата, иако тој ден во медиумите се проширил како можен почеток на руската кампања против Украина.
Досега Зеленски и украинската влада постојано ги критикуваа Соединетите Држави за преувеличување на опасноста од претстојната руска инвазија
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби вчера изјави дека „се уште не веруваме дека е донесена конечна одлука“.
Запрашан за изјавата на Зеленски и спомнувањето на 16 февруари, Кирби повтори дека извесно време Соединетите држави тврдат дека непријателствата може да се случат секој ден. Тој одби да даде конкретен датум, бидејќи рече дека тоа нема да биде соодветно.






