„Не може да му се верува на злото“, изјави украинскиот претседател во вчерашното обраќање во Генералното собрание на ОН и го повика светот да се обедини за да стави крај на руската агресија врз неговата земја.
Зеленски рече дека Русија, која е вооружена со нуклеарно оружје, мора да престане „да го турка светот во конечна војна“.
Украинскиот претседател ја обвини Русија дека сè, од храна до енергија, претвора во оружје.
„Додека Русија го турка светот во конечна војна, Украина прави се’ за да се осигура дека по рускиот напад, никој во светот нема да се осмели повторно да нападне која било нација“, им порача Зеленски на светските лидери кои присуствуваа на годишното Генерално собрание.
Тој, исто така, рече дека Русија едноставно „нема право да чува нуклеарно оружје“ и додаде: „Вооружувањето мора да се ограничи, воените злосторства мора да се казнат, депортираните луѓе да се вратат дома, а окупаторот да се врати во својата земја“.
„Мораме да бидеме обединети за да го постигнеме ова и ќе го постигнеме! рече Зеленски, кој ја предупреди меѓународната заедница дека исходот од војната ќе влијае на сите.
Целта на Русија, рече тој, е да ја претвори Украина во „оружје против вас, против меѓународниот поредок кој е заснован на правила“.







