Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди својата позиција дека не е време за преговори со Русија, а исто така негираше дека западните лидери го притиснале да го стори тоа.
Запад го наговара Киев за мир со Русија
Тој на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Киев рече:
„Сите го знаат мојот став, кој се совпаѓа со позицијата на украинското општество…
Денес никој не врши притисок врз мене да преговарам, ниту еден од лидерите на ЕУ или САД.
Сега да седнеме со Русија и да разговараме и да им дадеме нешто – тоа нема да се случи“, рече тој.







