Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сомнева дали неговиот руски „клолега“ Владимир Путин е жив поради постојаните шпекулации за неговото здравје.



Украинскиот лидер се обрати на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, барајќи од своите сојузници да испратат повеќе оружје за неговата армија пред новите руски офанзиви.

Тој ја коментираше темата за мировните преговори меѓу Украина и Русија и вчерашната хеликоптерска несреќа во главниот град Киев, во која загинаа 14 лица за која рече дека „нема несреќи во време на војна“.

Меѓу неговите коментари за тактиката на непријателот, можеби оној што предизвика најмногу чудење, беше дали Путин – умрел, пренесуваат медиуми

Зеленски рече: „Во моментов не разбирам со кого да разговарам. Не сум сигурен дали претседателот на Русија е сè уште жив“.

Не разбирам навистина дали е жив и одлучува или кој друг одлучува таму. Која група на луѓе (би можела да донесе некакви одлуки во Русија)? Немам такви информации” – рече Зеленски.