Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вчера дека мнозинството членки на НАТО се со неговата земја и дека самитот во Вилнус треба да потврди дека Украина е де факто членка на воената алијанса, пренесе АФП.
„Мнозинството од Алијансата цврсто стои со нас“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
„Кога аплициравме за членство во НАТО, зборувавме искрено: де факто Украина е веќе во Алијансата.
Нашето оружје е оружје на Алијансата. Нашите вредности се она во што верува алијансата. Вилнус треба да го потврди сето ова“.
Зеленски рече дека за време на самитот ќе се разговара и за дополнителни испораки на оружје за Украина во нејзината војна против Русија:
„Сигурен сум дека може да има и некои позитивни вести од Вилнус во врска со оружјето за нашите луѓе.






