Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека најверојатно нема да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин.
Вели дека прашањето не е дали ќе има преговори, туку „колку некој е силен на преговарачката маса“.
Зеленски рече дека преговорите со Русија по настаните во Буча ќе бидат голем предизвик.
- „Сите ние, а особено јас, дури и можноста за преговори ќе ја гледаме како предизвик. Предизвикот е пред сè, човечки. Потоа, кога ќе се преиспитате, и ќе треба да го направите тоа, мислам дека немаме избор, рече тој во интервјуто за украинските новинари што беше емитувано денеска.
Тој повика на забрзување на истрагата за злосторствата во Буча и другите градови.
- Неисплатливо е да се одолговлекува овој процес и во Европа, бидејќи гледаат дека има повеќе од доволно докази и, за жал, доказите допрва ќе се појават – рече Зеленски.






