Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани Доналд Трамп во Киев, но под еден услов:
„Можете ли да ја завршите војната за 24 часа? Ајде тогаш“, изјави Зеленски според кој Трамп би бил добредојден во Киев.
„Поканата“ доаѓа по фалбите на Трамп дека, доколку беше претседател, можел веднаш да ја заврши војната со убедување на Зеленски и Путин да се согласат на решение, инсистирајќи дека има добри односи со двајцата лидери.
„Да, те молам, Доналд Трамп – те поканувам во Украина, во Киев“, рече Зеленски, во интервју што се емитуваше синоќа ца британскиот „Канал 4 вести“.
„Ако можете да ја прекинете војната во текот на 24 часа, мислам дека ќе биде доволно да дојдете во Киев, секој ден кога сум тука“, рекол Зеленски како што пренесува Политико.
Зеленски додаде дека ако Трамп навистина има „формула“ за завршување на војната, тој сака да знае што е тоа.
Иако Украина сака да негува врски со републиканскиот фаворит и неговите сојузници пред претседателските избори во САД во ноември, но Зеленски има причини да биде претпазлив кон човекот кој не поддржува континуирана поддршка на отпорот на Украина против руската инвазија.






