Лошо монтираното видео на кое се гледа како украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласува капитулира пред руските барања, наиде на потсмев, објави Ројтерс.



Корисниците на Интернет веднаш ги забележале разликите помеѓу тенот на кожата на вратот и лицето на шефот на државата, неговиот чуден акцент и пикселирањето околу главата.

Телевизискиот канал „Украина 24“ на Фејсбук објави дека видеото го рашириле „непријателски хакери“ и дека е лажно.

Украинското Министерство за одбрана објави видео од вистинскиот претседател, во кое тој ја нарече снимката „детска провокација“.