Украина е подготвена да ја снабдува Бугарија со електрична енергија, и ќе помогне во диверзификацијата на гасот. Се договоривме да транспортираме земјоделски производи преку пристаништето во Варна. Украина ќе обезбеди соработка за бугарските бродови заглавени во пристаништата на Црното Море,изјавил Волофимир Зеленски на денешната средба со бугарскиот премиер Кирил Петков во Киев.



Зеленски се заблагодарил на поддршката од Петков за членството на Украина во ЕУ.

Од своја страна Кирил Петков се заблагодарил : Ќе го ослесниме извозот на украинската струја.Ова ќе ни даде добра можност за дополнителна струја.

Бугарија ќе биде повеќе од среќна што ќе ја има Варна како логистичка база и ќе го дистрибуира житото што не можете да го извезете преку вашите пристаништа.

Тој исто така му понудил на Зеленски, воено-техничка помош во форма на ремонтирање и поправка на тешката украинска механизација во бугарските фабрики.