Зеленски му се заблагодари на Ковачевски што Македонија потпишала безбедносни гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на премиерот Ковачевски што Македонија потпишала безбедносни гаранции за Украина.



,,Благодарен сум на С. Македонија што се приклучи кон Декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и што стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството меѓу нашите земји 🇺🇦🇲🇰”, пишува Зеленски во јавната објава.