Украинскиот претседател ја критикува ФИФА дека наводно одбила да ја прикаже неговата видеопорака пред финалето на Светското првенство.
Во своето синоќешно обраќање Володимир Зеленски рече дека ФИФА го запрела неговиот говор пред финалниот натпревар во Катар, но додаде дека „светот сепак го слушна нивниот повик“.
Во претходно снимената порака претседателот Зеленски требало да му честита на светот за „прославата на човечката победа“ и побара од сојузниците да ја поддржат неговата земја.
Еден од советниците на претседателот Зеленски, го критикува потегот и рече дека ФИФА „покажува недоволно разбирање за катастрофата во која Русија го вовлече светот со почнувањето на војната во Украина“,пренесе „Индекс.хр“.







