Претседателот Володимир Зеленски го критикуваше градоначалникот на Киев дека не ја завршил добро работата околу организирацијта на засолништа за да им помогне на граѓаните кои останаа без струја и вода поради руските напади.



Властите отворија илјадници т.н „непобедливи“ центри во кои луѓето можат да се стоплат, да добијат вода, интернет и телефон, но имало многу поплаки во Киев.

„За жал, локалните власти не завршија добро во сите градови. Во Киев имаше особено многу поплаки… Најблаго кажано, треба да се работи повеќе“, рече претседателот.

„Ве молиме, обрнете внимание, на луѓето во Киев им треба поголема помош, многумина се без струја 20, 30 часа. Очекуваме квалитетна работа од градоначалникот“, додаде тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека по масовните руски ракетни напади оваа недела, шест милиони домаќинства во земјата сè уште се без електрична енергија.