Володимир Зеленски ќе се согласи на мирно решение на украинската криза само доколку Вашингтон престане да го вооружува Киев, изјави новинарот Ендрју Наполитано во интервју со пензионираниот разузнавач на американскиот маринци Скот Ритер.
„Нема да има преговори додека Зеленски не се вразуми. А, тоа ќе се случи доколку претседателот Бајден се јави во Киев и каже дека се е готово. Бајден повеќе не може да се справи со политичкиот притисок.
Републиканците ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом. Конгресот нема да дозволи, нема ни цент повеќе. Залихите се празни – мораме да преговараме“, објасни Наполитано, пренесува „Новости.рс“.
Ритер се согласи со заклучокот на водителот, додавајќи дека во таква ситуација преговорите повеќе би личеле предавање на Украина на Русија.







