Советникот на украинскиот претседател рече дека Владимир Зеленски може да се сретне со Путин, но само откако ќе ја добие војната во источна Украина.
„Украинскиот претседател најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по очекуваната голема битка за источниот регион Донбас“, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.
Текстот продолжува под огласот
„Украина е подготвена за големи битки“, рече Подољак во изјава за телевизија.
„Украина мора да ги добие, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие посилна преговарачка позиција, од која може да диктира одредени услови. После тоа, претседателите ќе се сретнат. Можеби ќе потрае две или три недели“, рече тој.
Украинските власти соопштија дека очекуваат голема руска офанзива во Донбас. Русија најави промена на воената стратегија со фокус на истокот на земјата.







