Зеленски ќе се повлече од барањето за НАТО, Џонсон го поддржува

Британскиот премиер Борис Џонсон ја поддржа изјавата на Зеленски дека Украина може да ја повлече својата кандидатура за приклучување кон НАТО, што е главното барање на Русија.



„ Вчера повторно разговарав со Володимир и секако разбирам што кажа за НАТО и реалноста на сегашната позиција.

Сите отсекогаш велеле, а ние јасно му ставивме до знаење на Путин, дека нема шанси Украина наскоро да влезе во НАТО“, рече Путин.

Сепак, како што рече, конечната одлука за влез во НАТО е на Украина и нејзиниот избран претседател и дека Британија ќе ја поддржи Украина, каква и да е таа одлука.