Петседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Парламентот на Велика Британија изјави дека ќе направи сѐ што може за да го убеди светот да ѝ обезбеди на Украина модерни авиони.

Како што јави Ројтерс, тој пред британските парламентарци рече дека светот на тој начин ќе им помогне на неговите сили да ја поразат Русија.
„Ќе направиме сѐ што е можно и невозможно светот да ни ги обезбеди тие авиони за да ги зајакнеме и заштитиме пилотите што ќе нѐ штитат“, изјави Зеленски пред стотиците пратеници во лондонската Вестминстерска палата. Зеленски му се заблагодари на британскиот народ и рече дека е тука „од името на храбрите“.
Од името на нашите воени херои што се во рововите и ја штитат Украина од непријателските проектили“, додаде Зеленски.
Зеленски рече дека Украинците и Британците ја бранеле слободата за време на Втората светска војна. Нашиот народ помина низ криза, но сепак зајакна од тоа, рече тој. „Слободата ќе победи“, рече тој добивајќи аплаузи, „знаеме дека Русија ќе загуби“.
Тој изјави дека најавената средба со кралот Чарлс ќе биде „многу посебен момент“ за него.
„Во Британија, кралот е пилот на воздухопловните сили. Во Украина денес секој пилот на воздухопловните сили е крал“, додаде Зеленски.
Потоа тој на претседателот на британскиот парламент Линдзи Хојл му го предаде шлемот на украинскиот воен пилот кого Зеленски го опиша како „еден од нашите најуспешни асови“ и „еден од нашите кралеви“. На шлемот се напишани зборовите на англиски: „Имаме слобода. Дајте ни крилја да ја заштитиме“.
Пред две години тој го напушти британскиот парламент заблагодарувајќи им се на пратениците за „вкусниот англиски чај“, рече Зеленски. Сега би заминал „однапред заблагодарувајќи ви се за моќните англиски авиони“.
Зеленски е во посета на Обединетото Кралство, каде што беше пречекан од премиерот Риши Сунак.





