Зеленски ќе го враќа Крим по дипломатски пат

Украинскиот претседател смета дека Украина треба да го врати Крим окупиран од Русија преку дипломатски канали.



Володимир Зеленски ова го изјави во интервју за Ројтерс

Претседателот рече дека нема друг начин освен да се врати Крим на Украина.

„Мораме да ги деокупираме териториите. Така, Крим би можел да биде вратен дипломатски. Тоа би можело да се случи на тој начин. “, рече Зеленски.

Сепак, тој истакна дека не може да открие детали и кој точно ќе ги води дискусиите на оваа тема.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така рече дека од него зависи рокот за завршување на војната, но сега е „премногу рано да се зборува за крајот на војната“.

Зеленски е убеден дека забрзувањето на чекорите за помош на Украина ќе значи забрзување на украинската победа.