„Сметаме дека е неопходно да се одржи народен референдум за постигнување мировен договор со Русија, така што не само пратениците и не само претседателот, туку и народот на Украина треба да реши за ова прашање, соопшти кабинетот на новиот украинскик претседател.



Володимир Зеленски, кој деновиве ја презема претседателската функција, го распушти кабинетот и распиша предвремени избори во јули, размислува да распише референдум на кој граѓаните на Украина би се изјасниле дали прифаќаат или се против мировни преговори со Русија.