Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет за зголемување на вооружените сили на земјата за 100.000 за три години како и за зголемување на нивните плати, пренесува Ројтерс.
Сепак, тој нагласи дека тоа не значи дека војната со Русија е неизбежна.
Во своето обраќање во парламентот, Зеленски ги повика пратениците да останат смирени и обединети, да не паничат…
Овој декрет е подготвен не затоа што наскоро ќе имаме војна, туку за да има мир во Украина наскоро и во иднина, нагласи шефот на државата.
Во моментов, армијата на земјата се состои од речиси 250.000 луѓе, што е значително помалку од вооружените сили на Русија.







