Зеленски има пиштол – не им се дава жив на Русите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски носи пиштол и би се борел до смрт заедно со неговата придружба доколку Русите упаднале во неговата канцеларија во Киев на почетокот на војната, рече тој во интервјуто прикажано во саботата.



„Знам да пукам. Можете ли да замислите наслов“:

„Претседателот на Украина заробен од Руси?“ Тоа е срамота. Мислам дека тоа би било срамота“, изјави тој за ТВ каналот 1+1.

Во првите денови по инвазијата на 24 февруари 2022 година, украинските власти соопштија дека руските разузнавачки единици се обиделе да упаднат во Киев…

„Никој немаше да биде заробен бидејќи имавме многу сериозно подготвена одбрана на улицата Банкова. Ќе бевме таму до крај“, рече тој.