Украинскиот претседател Володимир Зеленски повлече неколку амбасадори на Киев во странство, вклучително и познатиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник, се наведува на веб-страницата на претседателот.



Во прогласот во кој не се наведува причината, Зеленски објави дека се разрешени украинските амбасадори во Германија, Индија, Чешка, Норвешка и Унгарија.

Украинскиот амбасадор вратен од Берлин го вреѓаше Шолц…

Зеленски претходно ги повика своите дипломати да обезбедат меѓународна поддршка и воена помош за Украина додека се обидува да се одбрани од руската инвазија која започна на 24 февруари.

Односот на Киев со Германија, кој е многу зависен од руските енергетски резерви и е најголемата европска економија, е особено чувствителен, а Мелник редовно се објавуваше на социјалните мрежи и изразува негативен став кон политичарите и интелектуалците кои се против вооружувањето на Украина.