Украинскиот претседател Володимир Зеленски на необичен начин му порача на рускиот колега Владимир Путин дека бара средба со него.
„Но не на 30 метри, како со Макрон, Шолц – јас сум сосед! Не касам. Јас сум нормален човек, седни со мене, разговарај со мене, од што се плашиш?“- рече Зеленски.






