Зеленски го искара Шолц: Киев очекува гаранции од Германија

Германија појасно да ги дефинира своите приоритети во односите со Русија и да ја поддржи Украина во нејзините аспирации за членство во ЕУ за време на посетата на канцеларот Олаф Шолц на Киев, пренесува Укринформ.



„ Очекувам дека тој (Олаф Шолц) лично ќе нѐ поддржи и дека лично ќе биде уверен дека Украина може да се приклучи на ЕУ и дека кандидатски статус ќе ѝ биде доделен на Украина уште во јуни“ – рече Зеленски во програма на телевизијата ЗДФ.

Според него, Киев очекува гаранции од Шолц дека Германија ќе ја поддржи Украина.

„Тој и неговата влада треба да донесат одлука. Не можете да балансирате помеѓу Украина и односите со Русија, вие самите треба да изберете каде да ги поставите приоритетите’, нагласи Зеленски.