Зеленски ги прозва најмоќните кои од далеку гледаат што се случува во Украина

„Оставени сме сами да ја браниме нашата држава, додека сојузниците гледаат оддалеку. Кој е подготвен да се бори заедно со нас? Не гледам никого. Кој е подготвен да ѝ даде гаранции на Украина за членство во НАТО? Сите се уплашени“, кажа Зеленски и ги повика источноевропските членки на НАТО да помогнат во одбраната.



Најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија, праша украинскиот претседател.

Слушаме на нашето небо и слушаме во нашата земја дека тоа не е доволно“ изјави во ТВ обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој информираше дека Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, но дека нејзините војници се запрени да напредуваат во повеќето правци.

„Целта на овој напад е притисок. Притисок врз вас драги граѓани. Притисок врз целото наше општество. Нагласувам: не само врз властите, туку и врз сите Украинци“, рече Зеленски.