Украинскиот претседател е лут. Не за успесите на неговите непријатели (тој не гледа такво нешто) ниту за недостатокот на напредок на сопствената армија на бојното поле.



Зеленски во интервју за „Економист“ в ели декаогорчен од колебливоста на некои од неговите сојузници, како и од  некои од неговите сонародници,

Западот го изгубил чувството за итност во помагањето на Украина, а многу Украинци го изгубиле чувството за егзистенцијална закана, вели Зеленски.

„ Можеби не успеавме во 2023 година како што сакаше светот. Можеби сè не се случува толку брзо како што се замислува. Но, помислата дека Путин победува не е ништо повеќе од чувство. А реалноста е дека руските војници умираат на места како Авдијевка“, рече Зеленск кој, повикувајќи се на извори од британското одбранбено разузнавање, очекува до 2025 Русија да има повеќе од 500.000 жртви – убиени и ранети.

Зеленски вели дека не гледа фундаментални чекори кон мир од страна на Русија. Наместо тоа, како што рече, тој, како и сите Украинци, го чувствува напливот на воздушни напади врз украинските градови.

„Гледам само чекори на терористичка земја. Ако Русија испраќа сигнали дека сака да го замрзне конфликтот, како што наведуваат некои западни медиуми, тоа не е затоа што се праведни, туку затоа што им недостигаат проектили, муниција или обучени војници“.

Тој нагласи дека со поддршката на Украина, Европа се штити од руска агресија.

„Со тоа што ни давате пари или оружје се издржувате. Вие ги спасувате вашите деца, а не нашите. Ако ѝ се дозволи на Русија да зема украински деца, тие ќе земат и други деца. И ако Русија ги прекрши правата на Украинците, ќе ги прекрши правата на целиот свет“,  предупреди Зеленски.