Ако Западот е убеден дека руската инвазија на Украина е неизбежна, сега е време за акција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на безбедносната конференција во Минхен.



„Ни требаат безбедносни гаранции. Велите дека војната ќе започне наскоро, па што чекате? Нема да ги чекаме вашите санкции кога ќе почнат бомбите. Вие прашувате што може да се направи. Многу работи може да се направат. Ние можеме да ви обезбедиме со список“, рече тој, пренесуваат медиуми.

Според него, светот потфрли со Украина затоа што пропадна глобалната безбедносна архитектура.

„Безбедносната архитектура на Европа е речиси уништена. Доцна е да се зборува за нејзина поправка“, рече Зеленски.

Тој ги обвини земјите што не ѝ ја дале потребната воена помош на неговата земја, со оглед на заканата, и рече дека помошта што ја добивал досега е „сируп против кашлица наместо добра вакцина против СОВИД-19“.

Според украинскиот претседател, неговите сограѓани се обидуваат да живеат на најдобар начин во сегашните околности, бидејќи немаат алтернативи. „Лежењето во ковчезите и чекањето да дојдат странски војници е нешто што не сме подготвени да го направиме“, рече Зеленски. Според него, Украинците не можат да останат пасивни и „секој ден да си кажуваат дека војната ќе започне утре“. „Може ли да има стабилност во таква земја?“, реторички праша тој.

Во текот на својот говор најде можност да се пошегува. Кога неговата преведувачка опрема престана да работи, Зеленски рече дека тоа е „сајбер напад“ од Русите…