Во војната со Русија досега загинале меѓу 2.500 и 3.000 украински војници, а уште 10.000 се ранети од кои не се знае колку ќе преживеат,
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера за Си-Ен-Ен изјави дека бројот на загинати руски војници е до 20.000. Русија призна 1.351 воена жртва.
Според него тешко е да се проценат цивилните жртви.
Тој предупреди дека светот мора да се подготви за можноста Русија да користи нуклеарно оружје во нападот врз Украина. Зеленски, исто така, рече дека Москва лесно може да користи нуклеарно или хемиско оружје, бидејќи Путин не е заинтересиран за животите на украинските граѓани.
Пораката на Зеленски е остра промена од коментарите што ги даде минатиот месец кога рече дека заканата на Путин да употреби нуклеарна сила доколку Западот интервенира во војната е „блеф“.






