Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, би можел во мај да ја посети Германија, каде што ќе му биде врачена наградата „Карло Велики“, пишува германскиот магазин „Билд“.
„Оваа награда се доделува за придонес во обединувањето на Европа, а годинава беше одлучено да се награди Зеленски и украинскиот народ за „одбраната не само на својата земја, туку и на Европа и на европските вредности“, пишува весникот.






